Министерот Ивановски ќе го посети основното училиште “Гоце Делчев” во Скопје

Скопје, 20 април 2010

На 21.05. (средa) со почеток во 12:00 часот, министерот за информатичко општество г-дин Иво Ивановски, заедно со министерот за образование и наука г-дин Никола Тодоров, ќе го посетат основното училиште  “Гоце Делчев” во Скопје.

 

Целта на посетата е промоција на новиот портал за е–учебници.
Со овој портал се овозможува на учениците од едно место, едноставно да пристапат до учебниците и лесно да ги прелистуваат истите.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.