Бесплатен интернет и во Студентскиот дом “Орде Чопела” во Прилеп

Прилеп, 24 април 2010

Бесплатен интернет во Студентскиот дом “Орде Чопела” во Прилеп, денеска, во рамките на проектот за бесплатен интернет во студентските домови, официјално беше пуштен од страна на министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски.

 

- Со донацијата на Македонски телекомуникации вградена е инсталација и секој студент во својата соба може да користи бесплатен интернет. Ова е дел од проектот на Владата со кој во сите студентски домови ќе има интернет за секој студент. Студентите се задоволни од технологијата и од брзината на интернетот кој ќе може да го користат за научни истражувања и за надградба на своето знаење, изјави министерот Ивановски.

 

Според директорката на домот,  Васе Ризоска, студентите се задоволни од условите и од технолошките можности со кои располага оваа институција.

Очекувањата се дека со воведувањето на бесплатниот интернет во домот, значително ке се осовремени престојот на неговите станари.

 

Инсталирањето на интернетот во прилепскиот студенски дом е дел од владиниот проект за бесплатен интернет во студентските домови.  Проектот се работи во соработка со АД Македонски Телеком. Наскоро се очекува во домот „Стив Наумов“ во Скопје да биде поставен најсовремен и најбрз интернет со оптичко влакно.