С О О П Ш Т Е Н И ЕСкопје, 27 април 2010 На ден 28.04.2010, во просториите на Управа за јавни приходи, министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски, ќе одржи работна средба со директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски за проектот е-Документи.
На средбата ќе се разгледува досегашната спроведена анализа во рамки на проектот, односно за документите и податоците кои Управата за јавни приходи ги разменува со другите државни институции во процесот на давање на услуги кон граѓаните. Дискусијата ќе се води околу техничките, правните и организационите можности за размена на документи и податоци. Од средбата се очекува да се донесат заклучоци за приоритетни документи и податоци кои ќе се разменуваат и насоки за идни активности.
После работната средба, поточно во 12:30 часот во УЈП ќе биде дадена изјава за медиумите за: целите на проектот, резултатите и придобивките кои се очекуваат за граѓаните, компаниите и државните институции, како и најава за активностите кои следуваат.
Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот. |