С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 04 мај 2010

На ден 05.05.2010, во просториите на Агениција за катастар на недвижности, министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски, ќе одржи работна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности г-дин Љупчо Георгиевски за проектот е-Документи.


Проектот беше инициран кон крајот на минатата година со цел зголемување на квалитетот на административните услуги што е еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија.


Проектот Е-документи означува решение со кое ќе се воведат правни, организациски и технички мерки за имплементација на систем со кој ќе се овозможи електронска и безбедносна размена на документи меѓу државните институции согласно нивните овластувања. Во практиката, кога граѓаните или бизнисите се обраќаат до било која институција за некаква услуга, самата институција треба да ги побара сите потребни документи од другите институции електронски.


На средбата ќе се разгледува досегашната спроведена анализа во рамки на проектот, односно документите и податоците кои Агенцијата за катастар на недвижности ги разменува со другите државни институции во процесот на давање на услуги кон граѓаните. Дискусијата ќе се води околу техничките, правните и организационите можности за размена на документи и податоци. Од средбата се очекува да произлезат заклучоци за приоритетни документи и податоци кои ќе се разменуваат, како и насоки за идни активности. 


После работната средба, поточно во 11:45 часот во Агенцијата за катастар на недвижности  ќе биде дадена изјава за медиумите за: целите на проектот, резултатите и придобивките кои се очекуваат за граѓаните, компаниите и државните институции, како и најава за активностите кои следуваат.

 

Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот.