Министерот за информатичко општество Иво Ивановски домаќин на заменик премиерот на Израел

Скопје, 06 мај 2010

Во рамките на посетата на Република Македонија, заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Израел, Авигдор Либерман го посети Охрид каде  домаќин му беше министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.


Либерман беше придружуван од група израелски бизнисмени кои има можност да се запознаат со убавините на Охрид.

Шефот на израелската дипломатија, од трети до петти мај беше во официјална посета на Република Македонија, на покана од македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

 

Во рамките на посетата, Либерман беше примен од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а се сретна и со  потпретседателот на Владата, Владимир Пешевски.