Министерот Ивановски на Светскиот самит за информатичко општество WSIS 2010

Женева, Швајцарија, 10 мај 2010

Почитувани,

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, од денес 10 мај 2010 година, е во официјална посета на Женева, Швајцарија, каде што ќе присуствува на Светскиот самит за информатичко општество WSIS 2010.

 

После самитот во Женевa што се одржа во 2003 и Самитот во Тунис 2005, ова е трет по ред Светски самит во организација на ITU-Интернационалната телекомуникациска унија, UNCESCO, UNICTAD и UNDP.
На истиот учество земаат највисоки претставници од приватниот ИКТ сектор, лидери во ИТ индустријата, претставници од невладиниот сектор, како и многу министри од земји кои имаат брз развој на информатичкото општество.


Министерот Ивановски денес учествуваше во Министерската панел-дискусија претставувајќи го развојот на информатичкото општество во Република Македонија. Проектите како „Компјутер за секој ученик”, бесплатните обуки за граѓаните, интернет клубови, ваучери за студентите, интернет киосци во руралните средини, привлекоа најмногу внимание на присутните коишто после излагањето изразија интерес за остварување на билатерална соработка.

 

Напредокот на Република Македонија кој е истакнат во минатомесечниот Извештај на ITU, каде што Македонија имаше направено најголем напредок во целиот свет за 2008 година подобрувајќи се за 12 места, беше споменат и од дел од останатите експерти панелисти.