Повик за јавна расправа

Скопје, 14 мај 2010

Министерството за информатичко општество на ден 18.05.2010 година во Клубот на пратеници, со почеток во 10 часот, организира јавна расправа по однос на предлог – подзаконските акти согласно Законот за електронско управување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 105/2009).

 

Се покануваат сите заинтересирани  лица, министерствата, другите органи на државната управа, организациите утврдени со закон и други државни органи, судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општините, на градот Скопје и на општините на градот Скопје, да учествуваат во јавната расправа и да придонесат придонесат во процесот на создавање на квалитетна регулатива.

 

Предлог верзиите на подзаконските акти можете да ги најдете во делот на документи – закони на оваа веб локација, или поточно на следната врска: http://www.mio.gov.mk/?q=node/217.