С О О П Ш Т Е Н И Е

25 мај 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски, утре 26 мај ќе учествува на Webit eGov Самитот кој се одржува во Софија, Бугарија.

 

Webit eGov Summit е настан за земјите од југоисточниот регион кој ќе ги обедини во Бугарија сите релевантни страни од областите кои ја опфаќаат електронската влада: е-услуги, е-здравство, информациска безбедност и сигурност, и електронска инфраструктура.

 

Министерот Ивановски ќе има свое обраќање на официјалното отворање на Самитот заедно со останатите министри од регионот.