Покана за проследување на настан

Скопје, 27 мај 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски, утре 28.05.2010 во 11:30 чaсот ќе го посети Интернет клубот во Скопје со цел да се сретнe со граѓаните и изворно да се информира за бенефитите што граѓаните ги уживаат од овој проект.

За потсетување, овој интернет клуб беше првиот отворен интернет клуб од проектот “Светот на Дланка” што започна во 2007- мата година и до денешен ден успешно функционира и е  еден од најпосетените интернет клубови во Република Македонија.