Ивановски и Динкиќ ја посетија ИТ компанијата Сивус

Скопје, 02 јуни 2010

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и потпретседателот на Владата и министер за економија и регионален развој на Република Србија Млаѓан Динкиќ денеска во Скопје ја посетија ИТ компанијата Сивус.


Компанијата која со своите извозни капацитети е лидер во Македонија, според Ивановски, е уште еден доказ дека целиот Југоисточен регион иднината ја гледа во информатичкото општество.


- Вложувањата што ги прават компаниите, субвенциите што ги даваат државите, економската политика што ја прави Македонија, како и Србија се во насока да се овозможи на домашниот ИКТ сектор да има поконкурентен пазар. Сивус како комапнија во својот износ на софтверски услуги е најдобра во Македонија и со ова се покажува и соработката што ја имаме со Србија, рече Ивановски.


Информациските технологии се голема предност за двете држави, смета српскиот вицепремиер и министер за економија, Динкиќ.


- За Македонија е многу добро што има ваква компанија што вработува 350 луѓе, а добро е и за Ниш, бидејќи таму веќе работат 54 инженери се планира да работат околу 100, ќе има инвестиции и во Макеоднија и во Србија и ќе се развиеме во една регионална сила, посочи Динкиќ.