Скопје, 07 јуни 2010
Почитувани,
Ве известуваме дека свеченото отворање на првата “Лидерска конференција за ИКТ во образованието 2010” ќе се случи утре 08.06.2010 година, со почеток во 09:30 часот, во хотел Инекс Горица, Охрид.
На свеченото отворање свое обраќање и презентација на тема „ИКТ во образованието” ќе имаат министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски и министерот за образование и наука Никола Тодоров, како и потпретседателот на ИНТЕЛ г–дин Џон Дејвис кој ќе презентира за трансформацијата на образовниот систем.
Во 10:50 часот е предвидена изјава за медиумите.
Покануваме Ваши екипи да го проследат овој настан.