Бесплатни ИКТ обуки за невработени лица

Скопје, 28 јули 2010

Министерството за информатичко општество со преку 80 стипендии ќе му помага на приватниот сектор за доедукација на невработените граѓани со дообразување во информатичките и комуникациските сектори. Станува збор за пилот- проект на Министерството за информатичко општество, со цел да се зголеми бројот на ИТ-експерти во државата.

 

„Сакаме да му помогнеме на приватниот сектор, со доедукација на невработените, кои сакаат да се дообразуваат на полето на информатичко - комуникациските технологии, да бидат субвенционирани, односно да добијат стипендија од Владата, со цел да може да се сертифицираат во определени гранки кои Министерството, во соработка со МАСИТ и останатите стопански комори, ги идентификуваше како најдефицитарни кадри“, рече министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, на вчерашниот прес.


Тој изјави дека резултатите покажуваат дека најголем дефицит има кај програмери и софтверски инженеринг или околу 25 отсто и кај дизајнери на Дата бази, или околу 13 проценти.

Кандидатите ќе бидат избрани од страна на Агенцијата за вработување врз основа на одредени критериуми што до неа ги достави Министерството за информатичко општество. Доколку се пријават поголем број кандидати од предвиденото, ќе биде спроведено тестирање.

 

Овој пилот - проект доколку се покаже како ефикасен ќе се аплицира во ИПА фондовите бидејќи овој кадар е потребен за бизнис заедницата.

„ Со овој проект компаниите ќе добијат обучен кадар, потег ќе наиде на добар одзив и побрз развој на фирмите“, рече претседателот на МАСИТ ИКТ Комора, Горан Миленковски.

 

Од вчера па до 24 август е објавен оглас за избор на едукативни центри сертифицирани за „Мајкрософт“ и „Циско“ за одржување компјутерска опрема, кои ќе ја вршат обуката. Потоа следи изборот на кандидати по што ќе се продолжи со двомесечната обука. Се очекува до 10-ти Декември биде завршен целосниот проект односно да се добијат 80 сертифицирани ИКТ експерти.

 

Напомена: Во неколку печатени и електронски медиуми се појави грешна интерпретација на информацијата за обуките за 80 невработени лица.

Во врска со тоа би сакале да ве известиме дека едукативните центри и лицата кои што ќе ја посетуваат обуката ќе бидат селектирани до крајот на Август од страна на Агенцијата за Вработување на РМ. Се очекува до 10-ти Декември биде завршен целосниот проект односно да се добијат 80 сертифицирани ИКТ експерти.

 

Околу пријавувањето на кандидатите, планирано е во првата половина од Август за се објави оглас кој ќе биде објавен во весник и на веб локацијата на Агенцијата за Вработување на РМ. Со обуките ќе бидат опфатени следните области Java, .Net, CISCO Systems, Microsoft,(MSCA/MCSE), SAP,Oracle, додека во самиот оглас ќе бидат прецизирани бројот на обуки за секоја област.

 

Право на пријавување ќе имаат сите невработени лица.