Најава за промоцијаСкопје, 03 септември 2010
Почитувани,
На 04.09.2010 (сабота) со почеток во 11:00 часот, министерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, ќе го промовира бесплатниот интернет во студенскиот дом “Стив Наумов” во Скопје.
Со овој проект е поставeна комуникациска инфраструктура до секоја соба во студентските домови и со тоа се овозможи бесплатен интернет пристап за сите студенти сместени во студентските домови.
Проектот се работи во соработка со АД Македонски Телеком
Предвидена е изјава за медиумите. Покануваме ваши екипи да го проследат настанот. |