Најава за отворање на конференција

Охрид, 13 септември 2010

Почитувани,        

 

Од 12.09.2010 до 14.09.2010 во Охрид се одржува меѓународна конференција за „Е-демократија, ИКТ- двигател за унапредување на демократијата“. Министерот за информатичко општество Иво Ивановски ќе има свое обраќање на отворањето на конференцијата на 13.09.2010 во 10:20 часот.


Оваа конференција, под покровителство на Собранието на Република Македонија е дел од активностите поврзани со прославувањето на 15-ти септември - интернационалниот ден на демократијата. Главен акцент ќе биде даден на идните технологии за е-демократија и регионалните залагања за клучни области како што е граѓанското учество преку социјални мрежи.