Заменик министерот д-р Мирјана Секуловска на Меѓународна конференција за информатичка соработка и информатичка безбедност 2010

Варна, Бугарија, 14 септември 2010

Почитувани,

 

Заменик министерот за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска,  од денес 14 септември 2010 година на покана од првиот заменик на претседателот на Комитетот за безбедност при Парламентот на Руската Федерација, господинот Гришанков Михаил Игнатевич, е во официјална посета на Варна, Република Бугарија,   каде присуствува на Меѓународната конференција за информатичка соработка и информатичка безбедност  2010.

 

Ова е втора по ред Меѓународна конференција за информатичка соработка  и информатичка безбедност во организација на  Комитетот за безбедност на Парламентот на Руската Федерација,  Министерството за врски  и масовни комуникации на Руската Федерација,  Министерството за транспорт, информатички технологии и комуникации на Република Бугарија  и Националниот форум за информатичка безбедност Инфофорум.

 

Заменик министерот имаше презентација на тема развој на информатичкото општество во Република Македонија, преку којашто учесниците на Конференцијата се запознаа со достигнувањата на нашата земја во ИКТ областа.

 

На истата учество земаа високи претставници на Парламентот на Руската Федерација,  високи  претставници од Владите на Руската Федерација, Република Бугарија,  Казахстан и други земји од Балканот, претставници од светски ИКТ компании, невладини организации и други субјекти од бизнис секторот.