Значајни средби и размена на искуства на заменик министерот Секуловска на Меѓународната конференција во Бугарија

Варна, Бугарија, 15 септември 2010

На Меѓународната конференција за информатичка соработка и информатичка безбедост  2010 која се одржува во Варна, Република Бугарија, заменик министерот д-р Мирјана Секуловска покрај воведната панел-дискусија на првиот ден, учество зeде и во втората панел-дискусија која се одржува денес, 15 септември 2010 на Златните Песоци.

 

Заменик министерот имаше презентација за проектите  Електронски документи и Интероперабилност во Република Македонија, со што побуди интерес кај присутните и за останатите проекти на Министерството за информатичко општество во Република Македонија.

 

При службената посета на Варна, Република Бугарија, заменик министерот д-р Мирјана Секуловска оствари значајни средби со високи претставници на Парламентот и Владата на Руската Федерација, Република Бугарија, Казахстан, претставници од реномирани светски ИКТ компании како Microsoft, HP, Oracle, Sun Microsystems, Siemens, IBM, EMC и др.

 

Исто така произлезе интерес за понатамошна заедничка соработка во областа на информатичката безбедност и сигурност, како и постоење на заедничка желба за реализирање на следната Меѓународна конференција во нашата земја.