Министерот Ивановски на доделување на награди на World Summit Youth Award (WSYA)

Њуjорк, 20 септември 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски  денес, 20.09.2010 во Њуjорк ќе има обраќање на World Summit Youth Award (WSYA) - Winners Award Ceremony и ќе додели награди за најуспешните млади креативци на е-содржини во категоријата Борба против сиромаштијата, гладот и болестите.

 

На овој настан ќе бидат доделени награди за 30 учесници во 6 категории од вкупно 630 пријавени проекти од 102 земји ви светот.