Најава за учество на конференцијата на UN-GAID

Њујорк, 20 септември 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество на Република Македонија, м-р Иво Ивановски како член на управниот одбор на Глобалната Алијанса за информатички технологии и развој, утре 21.09.2010 ќе земе учество на конференцијата на UN-GAID што се одржува во Њуjорк по повод Генералното Собрание на Обединетите Нации. На овој настан министерот Ивановски ќе има свое обраќање за достигнувањата на Република Македонија во развојот на информатичкото  општество.