С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 04 октомври 2010

Почитувани,

Министерот Иво Ивановски утре 05.10.2010 година, со почеток во 9:00 часот  во Холидеј Ин (Дневна сала), ќе ја отвори работилницата “Размена на е-документи помеѓу државните институции”. На работилницата презентација ќе одржи консултантот д-р Амјад Умар, извршен директор на компанијата Next Generation Solutions, како и професор и директор на е-бизнис на „Harrisburg University of Science and Technology“, Харисбург, Пенсилванија.

 

На работната средба е предвидена и презентација на компјутерска алатка за стратешко планирање, развиена од Обединети нации, како и дискусија околу нејзината примена во е-документи проектот.
Работилница е во организација на Министерството за информатичко општество во соработка со УСАИД.

 

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.