Најава за промоцијаСкопје, 12 октомври 2010 Почитувани, Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски заедно со градоначалникот на Штип, Зоран Алексов и директорката на Бирото за развој на образование, Весна Хорватовиќ, утре на 13.10.2010 (среда) во 13:00 часот ќе го посетат ОУ Димитар Влахов во Штип.
Цел на посетата е одржувањето на обуките за користење на алатките по предметите физика, биологија, хемија и математика, кои се донација од ИНТЕЛ за наставниците од основните училишта.
Настанот ќе се одржи во ОУ Димитар Влахов, Штип. Покануваме ваши екипи да го проследат настанот. |