Проект за имплементација на нови електронски содржини во образовниот систем

Штип, 13 октомври 2010

Министерството за информатичко општество преку Бирото за развој на образованието го реализира проектот за имплементација на нови електронски содржини во образовниот систем.

Станува збор за содржини, донација од Интел вредна 12 милиони долари, кои се користат во високо развиените западни земји.

- Со овие апликации, кои се наменети за математика, физика, биологија и хемија, ќе можат и учениците во Македонија да користат ист модерен систем како и учениците од земјите од ЕУ и пошироко - изјави Иво Ивановски, министер за информатичко општество.

 

Клучна улога во реализацијата ќе имаат наставниците кои преку проектот компјутер за секое дете ќе можат преку видео, аудио или текстуално да ја претстават материјата на учениците.

 

- Македонија е прва земја што има воведено ваков систем. Шведска беше лидер со сооднос 3:1, а Македонија тоа веќе го надминува - изјави Ивановски.

Од Бирото за развој на образованието најавија дека веќе од следната година ќе започне обуката за воведување на дигитални содржини по мајчин јазик, историја и географија.