Обраќање на министерот на 8-ма СЕЕИТА – 7-ми ЈИЕ ИКТ Форум и 7-ми МАСИТ Отворени денови

Скопје, 14 октомври 2010

До 2012 година во Европа ќе се отворат два милиони нови работни позиции кои што ќе се занимаваат со широкопојасен интернет. На овој начин бруто домашниот производ во регионот ќе порасне за 610 милјарди евра. Ова се дел од економските предвидувањата на Европската комисија, кои беа соопштени на 8та годишна конференција на Македонската стопанска комора за информатичка технологија.




- Податоците кои произлегуваат се позитивни од инпактот што го имаат врз економијата. Според извештајот на Светска банка се најавува дека со 10 % ќе биде подобрена инфраструктурата каде што граѓаните ќе имаат пристап до широкопојасен интернет. Бруто домашниот производ на таа економија ќе изнесува од 0.3% до 1.3% зависно од развојот на државите, вели министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

 

Бизнис заедницата ги поздравува напорите на Владата за подобрување на информатичката инфраструктура во земјава.

 

- Со проектите што ги прави Владата секако сме на одличен пат. Резултатите секако дека доаѓаат подоцна, но ќе бидат позитивни. Ние како бизнис заедница сме секогаш оптимисти и секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од нас се тркаме со компании и држави од светски ранг, вели Горан Митрески претседател на МАСИТ.

 

Владата и даде налог на Агенцијата за електронски комуникации што поскоро да овозможи ослободување на аналогните фрекфренции од националните телевизии, кои по воведувањето на дигитална телевизија ќе се користат за широкопојасен интернет. Процесот треба да заврши до 2012 година.