Министерот Ивановски додели 34 дипломи за ИТ банкарствоТетово, 20 октомври 2010 Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска на 34 студенти од Факултетот за современи науки и технологии од Универзитетот ЈИЕ им додели дипломи за завршена специјалистичка обука за ИТ-банкарство.
- Информатиката навлегува се подлабоко во секоја област така што современото банкарство бара соодветни кадри за секојдневното работење. Недостасуваше една ваква насока затоа што банкарскиот сектор кој е многу развиен во Македонија има потреба од квалитетни кадри со цел поефикасно и попродуктивно работење и создавање економија базирана на знаење, рече министерот Ивановски при доделувањето на дипломите.
За ректорот на Универзитетот Замир Дика денешниот настан е уште една потврда на заложбите на Универзитетот, како врска помеѓу бизнис секторот и студентите и професорите.
За обуката на студентите по електронско банкарство беа задолжени претставниците на компанијта АССЕЦО во Македонија |























