Најава за врачување на договори за невработени граѓани кои ќе посетуваат специјализирани ИТ курсеви

Скопје, 04 ноември 2010

Утре 05.11.2010 со почеток во 10:45 часот во Дебaтната сала на Владата на Република Македонија,  министерот Иво Ивановски и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска свечено ќе ги врачуваат договорите на 80 невработени граѓани кои ќе ги посетуваат специјализираните ИТ курсеви.

 

Проектот на Министерството за информатичко општество и Агенцијата за вработување има за цел надградба на ИТ вештините на невработените лица, преку спроведување на обуки за стекнување на вештини од областа на информатиката во насока на зголемување на можностите за нивно полесно вклучување во пазарот на трудот.

 

Предвидена е изјава за медиумите.

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.