Работилници за проектот Размена на е-документиСкопје, 11 ноември 2010 Министерството за информатичко општество во соработка со проектот за е-влада на УСАИД, организираа серија на работилници поврзани со различни аспекти на спроведувањето на активностите за воведување на е-влада. Овие работилници беа посебно наменети за институциите вклучени во проектот Размена на е-документи, а со цел да овозможат размена на информации, споделување искуства, од кои корист ќе имаат сите учесници.
Првата работилница се одржа на 27 октомври, 2010 година, и се обрати на темата за “Информациска безбедност", преку подтемите:
- ИТ безбедност и стандарди (ISO 20 000 и ISO 27 0001) - Службеник одговорен за информациска безбедност (CISO) - Ревизија на информатичка безбедност и стрес тест - Компјутерски криминал - Дигитални сертификати
Темата на втората работилница одржана на 10 ноември 2010 година, беше "Политики и процедури за управување со информациски системи и е-услуги". Подтемите кои беа опфатени се:
- Препораки за процесот на снабдување со ИТ услуги
- Подготовка и примена на политики и процедури за управување со информациски системи - Заштита на лични податоци и класифицирани податоци - Политики и ревизија на приватност - Авторски права и сопственост врз софтвери и програмски кодови - Договори за одржување на електронски системи
Презентациите на предавачите можат да се преземат од веб локацијата на проектот е-влада http://www.egov.org.mk. |