Најава за службена посета на Брисел

Скопје, 29 ноември 2010

Почитувани,

Министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски, од утре 30.11.2010 година ќе биде во службена посета на Брисел. За време на посетата, министерот Ивановски ќе оствари средби со претставници од Европската комисија на која ќе се разговара за предлог-стратегијата за реформи  во јавната администрација која ја изработи Human Dynamics.

 

Министерот ќе ја предводи делегацијата составена од претставници од Министерството за информатичко општество, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за правда, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат.