Министерот Иво Ивановски во службена посета на Абу Даби по повод Годишниот форум и средба на Управниот одбор на UN GAID

Скопје, 03 декември 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски, на 5–6 декември 2010 година ќе биде во службена посета на Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Цел на посетата е Годишниот форум и средба на Управниот одбор на Глобалната алијанса за развој нa информатички–комуникациски технологии и развој при Обединетите нации UN GAID.

 

Глобалната алијанса за информатичко-комуникациски технологии и развој (ГАИД) е иницијатива одобрена од страна на Обединетите нации и Генералниот секретар во 2006 година и беше промовирана по сеопфатни консултации со владите, приватниот сектор, граѓанското општество, техничката и интернет заедници и академиците.