Министерот Ивановски во посета на специјализираните ИТ обуки за невработени лица

Скопје, 21 декември 2010

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, денеска ги посети специјализираните обуки за информатичка технологија (ИТ), наменети за невработените лица што се одржуваат во фирмата Некст Сенс.

Ивановски нагласи дека целта на овој проект, е преку обуки за стекнување вештини за информациски технологии, невработените граѓани активно да се вклучат во ИТ секторот, а Некст Сенс е една од компаниите за спроведувањена овие обуки.

 

-Ние како министерство за информатичко општество, излегуваме во пресрет на барањата на комората и ИТ компаниите, каде што со средствата кои се од агенцијата за вработување, им овозможуваме на 80 граѓани, да ги поминат ове курсеви, да се соочат со вистината и реалноста, дали се тие способни да продолжат во полето на информатичките технологии, или пак ќе одлучат да одат во друга насока, додаде министерот.

 

Даниел Даниловски, менаџерот за професионални обуки од Некст Сенс, истакна дека одбраните лица посетуваат два вида на курсеви.

 

-Обуките што се изведуваат во моментов се за Windows server 2008 System Administrator, една од најбараните професии денеска, бидејќи ниедна компанија неможе да се замисли без такква инфраструктура во своето работење. Вториот дел од обуките е за SQL Server Data без програмирање, повторно една многу актуелна тема и многу барана професија во македонските компании, изјави Даниловски

 

Овој пилот проект е започнат од агенцијата за вработување по предлог на министерството за информатичко општество.