МИОА ќе создава стручна ефикасна и одговорна администрација

Скопје, 11 јануари 2011

Следејки ги препораките од европските држави, во Република Македонија се формира Министерство за информатичко општество и адмнистрација, ќе ги спроведува реформите и во јавната администрација, соопшти министерот Ивановски.

-Владата на Република  Македонија врз основа на експертски и компаративни искуства, процени дека реформата на јавната администрација, треба да се концентрира во еден орган, со цел стратегиски и плански да се превземат организирани и координирани мерки за имплементација на овој процес, изјави министерот.

 

Министерот Иво Ивановски истакна дека новата институција ќе создаде поефикасен и потранспарентен систем, и додаде дека реформите во администрацијата ќе допринесат за забрзување на реформите во другите сфери.

 

-Владата во рамките на реформата на споменатите области, тргнува од фактот дека забрзувањето на спроведувањето на процесот на реформата на јавната администрација, претставува императив и за успешно продолжување на реформите на економски и социјален план, додаде Ивановски.

Министерот, нагласи дека со реформите ќе се деполитизира администрацијата и ќе се намали корупцијата во истата, се со цел истата да стане дел од европската администрација.

 

Со оваа сеопфатна реформа, се превземаат мерки и активности за деполитизирање на јавната администрација, подигање на ефикасноста и квалитетот на јавниот сектор, кој што се за граѓаните и странските инвеститори, смалувањето на корупцијата, со други зборови, вклучување на јавната администрација на Македонија во европскиот простор на јавната администрација.

Тој посочи дека со реформите во јавната администрација ќе се создаде администрација која ќе биде ефикасна,стручна и одговорна, и истата ќе работи во корист на граѓаните и бизнис заедницата.

 

Вработените во Министерството за правда, Секретаријатот за Европски прашања, Агенцијата за државни службеници и другите лица задолжени за спроведување на реформите во администрацијата, согласно законот ќе бидат префрлени во Министерството за информатичко општество и администрација. Бројот на вработени во новата институција ќе изнесува 114 службеници.

 

Министерот Ивановски истакна нека во Република Словенија постои сличен пример каде што во министерството за информатички технолигии припаѓа и јавната администрација.