СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ВО ВРСКА СО МАРНетСо одлука на Уставниот суд на Македонија донесена на 22.12.2010 година и објавена во Службен весник бр. 171 од 30.12.2010 година, се укинува Правилникот за организација и управување со врвниот македонски домен МК во областа на Интернет и за користење на поддомените во него, донесен од Управниот одбор на МАРНет во 2004 година. Основата на оваа одлука лежи во фактот дека во времето на поднесувањето на иницијативата за донесувањето на оспорениот Правилник, работите на МК-ДНС службата ги извршувале вработените во стручната служба на Уноверзитетот “Св. Кирил и Методиј”, организациона единица Универзитетски компјутерски центар. Министерството за информатичко општество во меѓувреме го изготви а Собранието на Република Македонија на 15.09.2010 година го донесе Законот за основање Македонска академска научно истражувачка мрежа МАРНет. Со донесувањето на овој закон за прв пат се добива законска основа за регулирање на проблематиката поврзана со основањето, статусот, задачите, работата, раководењето, управувањето, финансирањето и надзорот над работата на МАРНет и корисниците на нејзините услуги. Управниот одбор на јавната установа МАРНет е составен од 7 члена и тоа по еден член предложен од Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука и 5 членови на предлог на Ректорската конференција како претставници на Формирањето на новата јавна установа МАРНет е во тек и со нејзиното започнување со работа управувањето на врвниот македонски домен МК и користењето на поддомените во него ќе бидат доуредени со подзаконски акти кои ќе ги донесат органите на МАРНет. |