Купувањето преку интернет се уште мало, има услови за подобрување

Скопје, 17 јануари 2011

Купувањето преку интернет во Македонија се уште е на ниско ниво, иако има услови тоа да функционира, но постојат и можности за негово подобрување, покажува Извештајот за состојбата со електронската трговија што го изготви УСАИД на барање на Министерството за информатичко општество и администрација


Извештајот укажува дека купувањето преку интернет учествува со само еден процент во трансакциите реализирани со електронски картички на кои отпаѓаат 8 до 10 проценти од вкупниот промет во државата. Кај граѓаните се уште постои недоверба во плаќањето преку интернет, повисоки се и провизиите што ги земаат оние кои ги вршат електронските трансакции, а во меѓународната е-трговија се уште е ниско поставен износот за ослободување од плаќање на царинските давачки.


Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, нема законски пречки поради кои не може да функционира електронската трговија и не постојат проблеми со регистрацијата на интернет трговците, но податокот од еден процент покажува дека треба да се работи на подобрување во овој дел.


- Анализата потврди дека отворањето на интернет продавница во Македонија не е многу голем напор, а не е ни голема инвестиција. Сепак, постојат уште можности за подобрување или олеснување на условите за функционирањето на интернет продавница, изјави Ивановски по денешното презентирање на извештајот.


Сандра Томановиќ од „Касис“ истакна дека плаќањето преку интернет во Македонија е безбедно.
- Решението на „Касис“ постои на пазарот веќе три ипол години и досега сме немаме случаи на злоупотреба, нагласи Томановиќ.


Во Извештајот, меѓу другото, се препорачува измена на неколку закони во насока на заокружување или подобрување на правната регулатива, примена на контролен механизам врз работата на интернет продавниците со цел да се заштитат купувачите од можни штетни последици, да се покрене иницијатива за поедноставно и поефикасно работење со платежните картички, како и да се покрене сеопфатна кампања за подигнување на свеста меѓу граѓаните како потенцијални купувачи. трговците, но податокот од еден процент покажува дека треба да се работи на подобрување во овој дел.