Конститутивна седница на Управниот Одбор на МАРНетСкопје, 18 јануари 2011 На 17.01.2011 во 14:00 часот во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација беше одржана конститутивната седница на Управниот Одбор на МАРНет.
На состанокот беа верификувани мандатите на членовите на Управниот Одбор на МАРНет. Членови на Управниот Одбор на МАРНет се :
За претседател на Управниот Одбор на МАРНет едногласно беше избрана проф. д-р Маргита Кон Поповска.
Со ова започнаа активностите за подготовка на новиот правилник за управување со врвниот македонски домен .мк и други акти неопходни за функционирањето на МАРНет. Во текот на месец февруари оваа година правилникот ќе стапи во сила со што ќе се овозможи непречено регистрирање на нови домени. |