Најава за потпишување на меморандум

Скопје, 01 февруари 2011

Почитувани,

 

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска („Британската Влада”), постапувајќи преку британското Министерство за надворешни работи (ФЦО), утре, 02.02.2011 во 11:30 часот ќе потпишат Меморандум за соработка на проектот со наслов „Поддршка кон процесот на модернизација на државната администрација“.

 

Проектот ќе започне на 02 февруари 2011 година и ќе заврши на 31 март 2011 година, со можност за продолжување. Во рамките на овој проект ќе се реализираат следните активности:

  • Работилница за стратешко планирање за Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) кое ќе се организира во првата половина од февруари 2011.
  • Поддршка кон планирањето на системот за управување со човечки ресурси за Министерството за информатичко општество и администрација во согласност со СПФРЕ „Програмата за стандарди за човечки ресурси
  • Подготовка на информативен материјал (брошура) за реформа на јавната администрација.
  • Заокружување на обуките за управување со човечки ресурси во 10 пилот-министерства (Секретаријат за европски прашања, Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, Агенција за државни службеници, Собрание на Република Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за правда, Секретаријат за законодавство).
  • Посета од Националната школа за администрација на Велика Британија за анализа на потребите за поддршка на реформата на јавната администрација на 10 и 11 февруари 2011.
  • Студиска посета на тим од Министерството за информатичко општество и администрација на Националната школа за администрација во Велика Британија на крајот на февруари 2011 или почетокот на март 2011.
  • Обука од страна на Националната школа за администрација на Велика Британија ( www.nationalschool.gov.uk)во втората половина на март 2011 (темата на обуката ќе биде договорена за време на иницијалната посета на претставниците на Школата во зависност од потребите на МИОА).

 

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.