Избран е директор на Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнетСкопје, 03 февруари 2011
Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнет, во функција на спроведување на постапката за избор на Директор на Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнет, распиша јавен конкурс за избор на директор, во дневните весници “Нова Македонија” и “Лајм” од 20.01.2011 година.
По спроведената постапка за избор, Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнет на седницата одржана на ден 31.01.2011 година, го избра М-р Сашо Димитријоски за директор на Македонската академска истражувачка мрежа-МАРнет. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
Со назначувањето на директор, МАРнет официјално започнува со работа (член 24 од Законот за основање на МАРнет). |