Потпишан меморандумот за модернизација на државната администрација

Скопје, 02 февруари 2011

Министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Обединетото Кралство потпишаа меморандум за соработка, за проектот „Поддршка кон процесот на модернизација на државната администрација“.

 

Соработката ќе трае до 31 Март оваа година, а ќе се работи на конкретни проекти за реформа на јавната администрација, истакна министерот Иво Ивановски.

 

-Тоа е една работилница, која ќе се одржи за стручните лица вработени во министерството за информатичко општество и администрација, надополнето со обука, посета на Велика Британија и националната школа за администрација и експерти кои ќе доаѓаат во Македонија, финансирани од Обединетото Кралство, за подршка на реформите и стратегијата за јавна администрација.

 

Ивановски потенцираше дека Македонија е сериозна земја, со стратегија за да се реформира државната и јавната администрација.

 

-Овој меморандум претставува продолжување на досегашната соработка, бидејќи реформата на јавната администрација е важен сегмент, а Велика Британија има што да понуди на ова поле, истакна амбасадорот на Обединетото кралство во Република Македонија.

 

Раководители на одделенија и сектори, кои ќе ги исполнуваат сите поставени услови ќе учествуваат на обуката која ќе се одржи во Обединетото Кралство.