Москва, 07-08 февруари 2011
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, д-р Мирјана Секуловска, од денес 07 Февруари 2011 година , е во официјална посета на Русија, Москва, каде присуствува на 10-от Јубилеен Инфофорум за Информациска соработка и безбедност- ИНФОФОРУМ.
Заменик министерот Секуловска имаше поздравно обраќање до присутните, а исто така зеде учество и на Форумот за Интернет Безбедност со презентација за „МАРнет - Македонска академска истражувачка мрежа во Р. Македонија и неговата улога во Интернет Безбедноста“.
Јубилејната конференција во Москва беше посетена од околу 900 учесници и тоа, високи претставници на Парламентот на Руската Федерација, високи претставници од Владата на Руската Федерација, високи претставници од земји од Европа и Азија, претставнци од светски ИКТ компании и невладини организации.
Заменик министерот Секуловска оствари значајни средби со голем број учесници на Форумот при што размени позитивни искуства.
Се реализира и планираниот работен состанок за подготовките на 3-от Интернационален Форум за безбедност во информатичкото општество помеѓу г-дин М.И. Гришанков, ко–претседател на Организацискиот комитет и заменик министерот М. Секуловска, ко-претседател на Организацискиот комитет, кој ќе се одржи во Охрид, Р. Македонија од 13 – 16 Септември 2011 година.