МАРнет ќе започне да врши регистрација на домени

Скопје, 14 февруари 2011

 

Согласно Законот за основање на Македонската академска научно истражувачка мрежа (“Службен весник на Република Македонија” бр. 124 од 20 септември 2010), МАРнет ќе започне да врши регистрација на домени и други активности во врска со регистрацијата на домените под врвниот македонски национален домен .mk во областа на интернет.

 

Барањата за регистрација ќе можат да се доставуваат од 16.02.2011 година во архивата на МАРнет (во зградата на Нова Македонија) или по пошта на следната адреса: МАРнет, ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб, 1000 Скопје.