Најава за промоција на проектот ИнтероперабилностСкопје, 23 февруари 2011 Почитувани,
Денес на 23.02.2011 среда, со почеток во 13:00 часот во просториите на Централниот регистер на Република Македонија, свечено ќе биде промовиран системот за меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институции, од страна на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Проектот Интероперабилност е еден од најважните проекти, дел од реформата во јавната администрација, со чија имплементација ќе се овозможи драстично подобрување на административните услуги кон граѓаните и компаниите и ќе се допринесе за забрзување на процесот на имплементација на нови електронски услуги.
Со оглед на важноста и придобивките од проектот за широката јавност, најљубезно ги покануваме вашите екипи да го проследат настанот. |