Работилница за стратешко планирање

Охрид, 23 февруари 2011

Професионална и модерна јавна администрација, подготвена да одговори на барањата и потребите на граѓаните е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија, истакна Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на работилницата за стратешко планирање на Министерството која се одржа од 18 до 20 февруари во Охрид.

 

Целите на работилницата, која се реализира со поддршка на Британската амбасада, преку Стратешкиот програмски фонд СПФРЕ, беше да се усогласат приоритетите кој произлегуваат од Стратегијата за реформа на јавната администрација со стратешкиот документ на Министерството и подготовка на стратешки план кој ќе ги отсликува подеднакво старите и новите надлежности на МИОА; да се зајакне капацитетот на вработените во МИОА за стратешко планирање; да се обезбеди учеството на вработените во процесот на планирање и да се обезбеди поголема посветеност во имплементацијата на идните активности.

 

На работилницата се разговараше за проширување на визијата, мисијата и вредности на МИОА, се дефинираа клучните актери и факторите кој влијаат на стратегијата за да може да се пресметаат ризиците и можностите за нејзина успешна имплементација; се подготви матрица за стратешка ориентација со приоритети активности за нивна имплементација, вклучувајќи ги и внатрешните процеси за зајакнување на капацитетите на институцијата, кои ќе обезбедат нејзино полесно спроведување.

 

Воедно, министерот Ивановски, ја посочи потребата од подобрувањето на услугите кон граѓаните, за да им се излезе пресрет на нивните сe поголеми очекувања, а во насока на градењето на ефикасна, модерна и транспарентна администрација. Како што истакна тој, тимот на Министерството, ќе биде предводник во остварување на приоритетите кој произлегуваат од Стратегијата и Акцискиот план за РЈА.