С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,     

 

Владата на Република Македонија донесе решенија за бесплатно отстапување на стока по повод претстојната Хуманитарна акција која ќе се одржи на 19 март 2011 година, сабота, со почеток во 12.30 часот.

 

По тој повод, државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, г-динот Павле Саздов, заедно со проф.   д-р Владимир Поповски, заменик на министерот за здравство и г-ѓата Андриана Стојановска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа, во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи во Битола, ќе извршат доделување на предвидената стока за оваа институција.

 

За таа цел, покануваме Ваши екипи да го проследат настанот.