Успешно завршен проектот е-Влада

Скопје, 28 март 2011

Овој проект е финансиран од УСАИД и за истиот се потрошени 5,6 милиони долари кои се обезбедени од граѓаните на САД.
Целта на проектот кој започна во 2004 година, а финишираше сега е да се зголеми ефикасноста и транспарентноста во јавната администрација и во сите други државни институции во нашата земја.

 

Денес беа презентирани дел од проектите кои се во склоп на е-Влада меѓу кои се воведувањето на електронското плаќање на даноците, електронски набавки, издавање разни дозволи по електронски пат, електронски здравствени книшки, електронско аплицирање за работа во државните институции кое не препознава партиска книшка, електронско пријавување и прекинување на работниот однос, електронски систем со кој ќе бидат поврзани државните институции и многу други.

 

Заедничко за сите овие проекти е тоа што секој на свој начин допринесува за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на јавната администрација, а во исто време ги заштедува и финансиските сретства на деловните субјекти во државата.

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски изјави дека овој проект ги постави темелите за развој на информатичкото општество во Македонија. Тој додаде дека со овој проект кој што е составен од многу други проекти, се подобрила јавната администрација и се зголемила довербата во институциите.

 

-Со овие проекти кои што ги направивме се поставуваат темелите на разојот на информатичкото општество во Македонија. Владата ќе продолжи да инвестира и да ги надградува проектите поради тоа што технологиите се менуваат а со тоа и брањата на граѓаните. Остануваме фокурирани на инвестициите во информатичките технологии се со цел да се создаде една транспрантна и ефикасна администрација, изјави министерот Ивановски.

 

Американскиот амбасадор во САД филип Рикер изјави дека резултатите од проектот се видливи и додаде дека му претставува големо задоволство тоа што во Македонија една од 10 компании, користи некоја од услугите на проектот е-Влада.

 

Рикер истакна дека со овој проект се зголемила ефикасноста на институциите и се подобрила бизнис климата во државата. Американскиот амбасадор им порача на македонските власти да продолжат по патот за развој на информатичкото општество и во иднина да ги прошируваат проектите кои беа започнати од УСАИД.

Досега околу 20.000 лица се обучени да ги користат услугите од е-Влада.

Секоја електронска апликација е во насока на подобрување на искористеноста на времето во биснисот и сега менаџерите немаат потреба да го губат времето по шалтерите. Она што го направи овој прокет навистина му помага на стопанството и работодавачите требрa да ги искористат сите поволности шт ги нуди истиот,  изјави Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

 

Тој додаде дека порано бизнисот бил навикнат многу работи да ги „прогура под маса и под рака“, но со сите овие електронски апликации, корупцијата постепено се намалува.

 

-Овој проект покрај тоа што направи промена во работењето, го промени и менталитет на граѓаните. Граѓаните со ова имаат зголема доверба кај институциите и голем дел од нив никогаш не би се вратиле на стариот начин на работа, односно на пополнување на документи по шалтерите, изјави Тања Марковска од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.

 

Таа нагласи дека овој проект е релативно евтин поради тоа што се користени локални фирми кои ги изработувале софтверите.



Текстот е преземен од www.kurir.mk