Благодарници за најиновативните одделенски наставници во користење на ИКТ во наставата

Скопје, 04 април 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска им додели благодарници на  Добри Јовевски  од ОУ “Илинден”  од Конопница, Крива Паланка и Марина Василева од ОУ “Кирил и Методи” од Скопје, кои ја добија првата награда за проектот „Бабини игри“ на Европскиот форум за иновативни наставници одржан во Москва, во организација на Микросфт – Партнери во учењето.

 

„Бабини игри“ е проект кој претставува електронско портфолио за културно патување низ традиционалните обележија преку кои се разви интеркултурален дијалог од различни региони на земјата и го поттикна креативното размислување, тимската работа, решавањето на проблеми како и олеснување на наставниот процес за учениците.

 

На средбата со министерот Ивановски беше разговарано за нивните досегашни успеси на домашно и меѓународно поле со проектот “Бабини игри”, како и за нивното учество на престојниот светски натпревар за електронски содржини кој ке се оджува на крајот од ова лето во Вашингтон, а  за кој министерот ја понуди логистичката и техничка поддшка од страна на  Министерството за информатичко општество и администрација.