Оглас

Регионалната школа за јавна администрација, ReSPA, објави огласи за вработување на лица кои ќе пополнат 5 слободни позиции. Сите заинтересирани кандидати од Република Македонија може да се пријават и еднакво да конкурираат на огласите. Рокот за пријавување на огласите е 18.05.2011 год.

 

Огласите можете да ги најдете на следната врска: http://www.respaweb.eu/en/vacancies/.

 

Инаку ReSPA е меѓународна организација лоцирана во Даниловград, Црна Гора, која се занимава со регионална соработка и развој на јавната администрација на Западен Балкан.

 

Република Македонија е активен член во Управниот одбор на ReSPA и е активно вклучена во активностите на школата.