Најава за обраќање на настан по повод успехот на Македонија на Европскиот Мајкрософт иновативен форум

Скопје, 05 април 2011

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, утре - 6 април, среда,  со почеток во 11:00 часот во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се обрати на настанот кој се организира по повод успехот на Македонија на Европскиот Мајкрософт иновативен форум кој се одржа од 21 до 25 март во Москва.

 

На овој форум нашите наставници ја освоија престижната гран-при награда „Educators Choice“, притоа победувајќи во конкуренција со повеќе од 80 проекти од повеќе од 44 европски земји, во кои беа вклучени над 300 наставници. 

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.