Најава за промоција на електронските формулари за поефикасна комуникација меѓу УЈП и корисниците

Скопје, 06 април 2011

Почитувани,

 

Утре 07.04.2011 четврток, со почеток во 12:00 часот во просториите на Контакт центарот на Управата за јавни приходи на втори спрат во ГТЦ Скопје (над кино Милениум), од страна на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе бидат промовирани електронските формулари за поефикасна комуникацијата меѓу УЈП и корисниците.

 

УЈП е една од институциите која ќе биде опфатена со системот на електронски формулари, кој ќе вклучи околу 20 различни услуги дефинирани според ЕУ критериуми. Оваа активност е дел од Владината програма за реформа во јавната администрација, која има за цел зголемување на ефикасноста на државните органи и поедноставување на постапките за граѓаните и компаниите

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот