Успешно завршен првиот циклус обуки за имплементација на Стандардите за човечки ресурси

Скопје, 07 април 2011

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во рамките на проектот Градење капацитети за ЕУ интеграции, поддржан од Британската Амбасада, одржа серија обуки за имплементација на Стандардите за управување со човечки ресурси. Обуките се одржаа во февруари и во март 2011 година и со нив беа опфатени околу 100 државни службеници, од одделенијата за управување со човечки ресурси, но и други раководни лица од органите на централна власт.

 

Целта на обуките беше да се запознаат државните службеници со најдобрите европски практики отелотворени во Стандардите и да се поттикнат во нивната имплементација. Освен тоа на обуките се промовираа и 8-те работни упатства преку кои се спроведуваат Стандардите и кои произлегоа од претходната работа на дел од одделенијата за управување со човечки ресурси во државната администрација. На обуките се разговараѓе за можноста и потребата од воведување на внатрешни процедури во форма на работни упатства и тоа: Упатство за воведна програма и менторство; Упатство за стручно оспособување и обука; Упатство за кариерен развој; Упатство за делегирање; Упатство за комуникација; Упатство за справување со отсуства; Упатство за балансирана картичка на резултати и Излезно интервју.

 

Обуките се реализираа во отпуштена и пријатна атмосфера и претставуваа одлична можност за размена на реални аспекти од работењето поврзано со управувањето со човечки ресурси. Обучувачите, воедно практичари од одделенијата за управување со човечки ресурси од селектирани институции на државна служба, кои поминаа низ циклусот обуки за обучувачи и менторство, се обидоа на учесниците на најдобар начин да им ја пренесат својата експетиза. Преку предавања и практични вежби, учесниците го зголемија нивото на знаење и свесноста за важноста и потребата од имплементирањето на Стандардите како добри менаџерски алатки. Освен тоа, на обуките се истакна и потребата од примена на алатки кои ќе придонесат за подобрување на работната атмосфера и мотивацијата кај вработените.

 

Поради големиот одѕив и интерес се очекува обуките да продолжат и во иднина, а службениците кои беа присутни да започнат и практично да ги применуваат  Стандардите и работните упатства во своите организации.