Најава за потпишување на меморандум

Скопје, 19 април 2011

Почитувани,

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија (МИОА) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје утре, 20.04.2011 во 12:00 часот ќе потпишат Меморандум за соработка на проектот со наслов „Подготовка на прописи - циклус  обуки за администрацијата“.

 

Проектот ќе започне на 21 април 2011 година и ќе заврши на 31 декември 2011 година. Проектот има за цел:

- Да ги зајакне капацитетите на централната и локалната власт за изработка и подобро спроведување на законодавството и други регулаторни аспекти поврзани со управувањето;

- Да го унапреди процесот на приближување на националното законодавство со законодавството на ЕУ;

- Да ја подигне свеста на сите засегнати страни за подобро регулирање на политиките и екс-пост евалуацијата на законодавството.

 

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.