Меморандум за соработка на проектот со наслов „Подготовка на прописи - циклус обуки за администрацијата“

Скопје, 20 април 2011

Државни службеници на централно и локално ниво кои се занимаваат со изработка и спроведување на законите од утре до крајот на годинава ќе ги прошируваат своите знаења и вештини со цел во рамки на проектот „Подготовки за прописи - обуки за администрација“ за чија имплементација денеска беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Мисијата на ОБСЕ и Министерството за информатичко општество и администрација.


- Клучната цел на проектот е да се засили капацитетот и експертизата на државната администрација за да се обезбеди ефикасен, транспарентен и инклузивен процес во предлагањто и имплементирњето на законите, како и натамошно унапредување на владеењето на правато во земјава. Треба да го унапреди и процесот на приближување на македонското кон законодавството на ЕУ и да ја подигне свеста на сите засегнати страни за добро регулирање на политиките и екс-пост евалуацијата а законодавството, изјави министерот за информатичко општество и администрација Иво Иваноски по потпишувањето на Меморандумот.


Вд. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Наталија Дрозд смета дека обуката во голем дел ќе го зголеми капацитетот на Македонија, како што истакна, во донесувањето на законите за подобра реформа во регулативата и следователно да придонесе за придржување кон начелото на владеење на правото.


- Мисијата на ОБСЕ останува целосно посветена да помогне на националните органи да обезбедат сеопфатен и ефикасен законодавен процес, што ќе резултира со подобро и полесно достапно законодавство, рече Дрозд.


Проектот опфаќа изготвување и имплементација на сеопфатна програма за обука за прашања поврзани со законодавството и регулативата, а која е наменета за државните службеници кои се занимаваат со изработка на законите. Наставната програма ќе биде дополнета со курс за учење на далечина (е-леарнинг).