Министерот Иво Ивановски и вицепремиерот Пешевски во посета на компанијата Ериксон во Стокхолм, Шведска

Стокхолм, Шведска, 10 мај 2011

Денес, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски се во еднодневна посета на Стокхолм, Шведска.  Во рамките на посетата делегацијата ќе оствари средба со главниот и извршен директор на компанијата Ериксон, г. Ханс Вестберг (Hans Vestberg) на кого ќе му бидат презентирани можностите што ги нуди Република Македонија за странските директни инвеститори.

 

Ериксон е водечки светски провајдер на телекомуникациска опрема и услуги поврзани со мобилните и фиксните оператори во светот. Над 1.000 мрежи во повеќе од 175 земји ја користат нивната мрежа и опрема, и 40 проценти од сите мобилни повици се направени преку нивните системи. Ериксон е една од ретките компании во светот  кои можат да понудат end-to-end решенија за сите поголеми јавни мобилни комуникациски стандарди.