Најава за отворање на конференција на тема „Реформата на јавната администрација во Франција“

Скопје, 10 мај 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски  утре  11.05.2011 година (среда) ке ја отвори конференцијата на тема „Реформата на јавната администрација во Франција“ која ќе се одржува во Дебатната сала на Владата на РМ со почеток во 10:00 часот.

 

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Франција, а во рамки на тековниот проект „Висока административна обука-трет дел“- ВАО-3, ја организираат конференција на тема „Реформата на јавната администрација во Франција“.

 

Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот.